За станарите на една зграда во Нова Битола празничната магија се случува на нивнот праг, во нивните ходници и заедничките простории.
Другите згради се по малку и тажни.
Но не и зградата бр 21 на улицата Смилевски Конгрес.

На вратата – црвена панделка, над неа светла што трепкаат во различна динамика, и снежна декорација – тука е Дедо мраз, и потсетување дека влегуваме во 2026 година. Во ходниците, низ заедничкиот простор, елки во сите бои, новогодишни ламбички и украси од стиропор кои ги отсликуваат празниците – Нова Година, , ангели, снегулки, гулабици, божикната сцена. И од надвор се препознава зградата. Видливо е организираното, заедничкото делување.

Големо срце и мали раце ја украсуваат зградата бр. 21 на улицата Смилевски конгрес.
Иницијатор и креатор на украсувањето е 12 годишниот Лука Николовски.

Семејството и сите соседи ја разбраа неговата желба нивната зграда уште од првиот чекор да ја има најубавата празнична магија.
Додека централната пешачка улица во градот блеска во новогодишен сјај, низ другите улици останато е истото , секојдневното светло кое трепка пред да се исклучи, жителите на зграда бр. 21 ја трансформира во новогодишна бајка.



Скоро и да нема сосед што на било кој начин се вклучил во украсувањето на зградатта. Во зградата на Лука кога сите влегуваат гледаат нешто убаво, малку мрчат, но и да не признаваат, украсената зграда измамува насмевка на нивните лица кога ја гледаат радоста на Лука што украсува.
А тогаш, со насмевка , се е полесно.

















