Само што заврши Миланската модна недела. Центарот за мода Милано и оваа сезона имаше голем број на ревии, презентации и забави кои ги собраа модните дизајнери, љубителите на мода и познатите личности на едно место.

Италијанските брендови и дизајнери ги презентираа своите колекции за оваа есен/зима. Модните трендови за престојната есен/зима се бунди, парчиња од лажно крзно, крзнени детали, нијанси на темно лилава боја, детали со реси, парчиња од кафеава кожа. Ова се само некои од трендовите за следната сезона.

Познатите модни куќи како Версаче, Долче и Габана, Прада, Ферагамо, Фенди, Касадеи, Антеприма ги претставија своите нови колекции но и нови брендови и млади дизајнери имаа можност да ги претставаат своите дизајни во текот на модната недела.

Освен ревии и презентации оваа недела низ Милано имаше и голем број на настани, забави, поп ап активации..

Уште една сезона Милано потврди зошто е центарот на модата.


















