Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на „Драгао“ во Порто ќе се обиде да направи нова сензација и за првпат во историјата да обезбеди пласман на Светско првенство.
Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски вели: „Ја елиминиравме една од најдобрите светски репрезентации, Италија, но нема да застанеме тука. Пред нас е само уште еден чекор до Светското првенство. Ако можевме во четвртокот, верувам дека можеме и денеска. На добар пат сме да потврдиме дека залудно сме меѓу најдобрите 20 национални тимови во Европа“, порачува Милевски.
Кристијано Роналдо е самоуверен пред дуелот со Македонија во баражот за мундијалот во Катар, вели дека Португалија ќе победи и ќе обезбеди билет за Светското првенство.
„Македонија е изненадување, приреди изненадување на неколку натпревари, но верувам дека нема да не изненадат, Португалија ќе биде подобар противник и ќе одиме на мундијалот во Катар“ рече Роналдо.


















