ТЕРА

REKLAMA???

Милевски: Отвораме нова насока во Економското училиште “Јане Сандански” од Битола

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување ученици во средните училишта за уќебната 2022-2003 година.

Информацијата за нова паралелка во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Битола на својот Фејзбук профил ја објави министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој во минатото беше професор во ова економско училиуште.

„Покрај традиционалните 4 паралелки економски техничар, за прв пат од оваа година, а следејќи ги потребите на пазарот на трудот, отвораме нова струка е-трговија и дигитален маркетинг.

Сакаме да создаваме квалитетни кадри кои ќе бидат конкурентни и барани од приватниот сектор.

Се надевам дека интересот ќе биде голем“ напиша Милевски.