Македонската репрезентација направи големо изненадување и со минимални 0-1 успеа да ја победи Италија и да се пласира во плеј-оф финалето за место на Мундијалот во Катар оваа година.

Стрелец и херој за Македонија беше Александар Трајковски.

На прес-конференцијата селекторот Боби Милевски рече дека на добар пат сме да потврдиме зошто сме меѓу најдобрите дваесет селекции во Европа“.

„Не беше во план да играме вака и да упатиме само два удари кон голот. Но, игравме против европскиот првак и да се победи ваква селекција не е мала работа. Италија е во моментот најдобра европска репрезентација. Оваа Македонија не се ориентира само на одбрана, но противникот беше пеколен. Драго ми е што Трајковски имаше одлична партија во „својот дом“ и ја круниса таа партија со гол“ вели Милевски.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини беше комплетно разочаран по вечерашниот шокантен пораз од Македонија.
„Победата на Европското првенство беше најсветол момент во мојата кариера. Ова што се случи вечерва е најголемото разочарување во мојот живот. Премногу сум разочаран за да зборувам за мојата иднина во моментов. Навистина сочувствувам со моите играчи. Човечки моите чувства за нив вечерва се зголеми уште повеќе“, изјави Манчини.

Фото: ФФМ


















