Денеска преку соопштение министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите изнесени од страна на Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска.
Во реакцијата се вели:
„Имено Претседателката на Советот, со манипулативни објави преку социјалните мрежи, се обидува нерешените проблеми со општинските проекти во Битола да ги насочи кон Министерството за транспорт и врски.
Г-ѓата Илиевска во својата објава посочува проект, за кој веројатно ни таа не е доволно информирана во која фаза е решавањето на предметот.
Министертвото за транспорт и врски е транспаретна и отворена институција. Во однос на предметот за изгардба на мост, тој е доставен пред два дена и веднаш е разгледан од службите во Министерството за транспорт и врски.
Бидејќи предметниот проект е со недостатоци општина Битола треба да ја корегира документацијата за да може да се издаде потребата дозвола за градење.
Апелираме до институциите да бидат ажурни во постапувањето со цел реализација на поголем број на проекти во интерес на граѓаните“ стои во соопштението на министерството.













