Меѓу проектите на општините, за кои добија финансиска поддршка од Владата, се вклучени и иницијативи за заштита на животната средина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека животната средина е нивен приоритет и дека се вложува многу во оваа сфера.
Тој напомена дека постепено почнува да се реализира проектот за пречистителна станица во Битола, а слично се очекува и за Тетово.


















