ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ВМРО ДПМНЕ ЈА ПРЕДВОДИ НАЈГОЛЕМАТА КОАЛИЦИЈА ДОСЕГА

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски соопшти дека денес ја формализираа коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори.

„Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е убедливо најголемата коалиција која е составена од 25 партии кои се од различен карактер и во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество, различни структури и припадности што само потрдува дека се обединуваме околу заедничка платформа што подразбира обезбедување на иднина и напредок.

Овие локални избори се важни за нас и иднината на државата поради најмалку две причини. Првата е што локалните самоуправи директно се надлежни да ги решаваат проблемите на граѓаните и не е сеедно каков градоначалник ќе се избере. А ние во изминатиов период покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа, дополнително што во наредните 4 години сите општини ќе ја имаат и поддршката од централната власт, нешто што и го докажавме и покажавме во претходната година иполовина.

Втората причина е што овие избори се околу тоа секој човек во државата да го направи вистинскиот избор за твоето место, твојата општина да се избере твојот човек кој ќе се бори за секој еден човек во општеството. Тој човек мора да ги брани интересите на граѓаните и да решава проблеми. Затоа ќе излеземе со понуда и со луѓе кои ќе бидат гласот на народот во администрацијата и општините ќе работат за граѓаните.

Уверени сме дека силата на државата не се мери само преку нејзините институции на централно ниво, туку преку секојдневниот живот во градовите и селата, во општините каде што граѓаните ги остваруваат своите права и ги живеат своите соништа“ рече меѓу другото Мицкоски.