Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Република запрашан на прашање во која изборна единица ќе биде носител на парламентарните избори јасно одговор дека тоа ќе биде изборната единица 1.
-Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната единица 1 и логично е тоа да биде практично единицата во која што би ја предводил листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потенцираше претседателот Мицкоски.
Мицкоски во своето интервју за порталот Република зборуваше за последниот извештај на ЕК за Македонија каде укажа дека она на кое што тој и ВМРО-ДПМНЕ го предупредуваа дека сето ова се случува, тоа го констатира и ЕУ.
-Мене тоа не ме изненадува бидејќи ние континуирано предупредувавме дека ова се случува, тоа го констатира и ЕУ. Граѓаните се сведоци на реалноста во Македонија, дека тешко се живее, дека за жал имаме една политичка криминална коалиција која што ја води владата во Македонија, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во текот на своето интервју објасни каква е ситуацијата во државата и дека за жал криминалот и корупцијата се во пораст и цветаат во државата и не може сето тоа да не биде сликано во еден извештај за уназадување, а не за напредокот на државата.
-Инфлацијата руши рекорди, стандардот е низок, учениците во училиштата еве ноември дојде ќе заврши уште малку и првото полугодие сеуште немаат добиено учебници, македонското здравство го тресе скандалот кој што е резултат на канцер мафијата на клиниката за радиологија и онкологија, пензионерите протестираат бидејќи пензиите не стасуваат ниту за лекови, а камоли за нешто повеќе, младите се селат, комплетна апатија, нема инвестиции, договорите и проектниот менаџмент е на највисоко ниво. Но, за жал корупцијата и криминалот се во пораст и цветаат, зборувам и оној вистински криминал и оној политичкиот криминал и нема како тоа да не биде сликано во еден ваков извештај за уназадување на Македонија, а не за напредокот, кажа Мицкоски.












