МКЦ Битола денеска го објави повикот за формирање на локалниот волонтерски сервис. Овај сервис, како што беше соопштено на денешната пресконференција претставува организиран облик на општествена партиципација која што ќе вклучува 30 млади луѓе од Битола на возраст од 16 до 29 години. МКЦ Битола во рамки на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ го формира овај волонтерски сервис, кој претставува координирана акција за воспоставување волонтерска мрежа за поефикасно и подобро мобилизирање на младите и унапредување на соработката меѓу сите засегнати чинители во локаланата заедница.

„Главната цел на проектот е зајакнување на граѓанското учество и учеството на младите во развојот на локаланата заедница преку волонтерство. Формирањето на Локаланиот волонтерски сервис Битола претставува логичен чекор напред во градењето и унапредувањето на постоечките иницијативи и практики во Битола од областа на волонтерството коишто во најаголем дел се одвоени, независни и без координација. Очекувани резултати од проектот се формиран функционален локален волонтерски сервис во Битола, идентификувани 5 локалани проблеми и преземени 5 волонтерски акции за подобрување на условите за живот во Битола, инспирирани и вклучени 200 млади во волонтерски активности“, рече Марија Мерковска Крушаревска, координатор на проектот од МКЦ Битола.

Преку активностите и планираната кампања за промоција на волонтирањето се очекува да се оствари промена во генералниотр однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето, а со тоа да се зајакне и учеството на младите во развојот на локаланата заедница. МКЦ Битола го имплементира овај проект заедно со СФЕРА Интенешнал.
„Нашата организација работи кон промовирање на волонтерството во Битола и затоа сме среќни што сме во овај проект. Во нашето 15 годишно работење досега сме примиле 586 волонтери од Европа коишто дошле во Битола, работеле на различни волонтерски проекти, а исто така сме испратиле 86 млади Македонци во Европа кои работеле на развивање на локаланите заедници во различни држави“, рече Катерина Поповска од СФЕРА Интернашнал.

Дизајнот и развојот на секој аспект од проектот се реализира преку тесна соработка меѓу проектните партнери МКЦ и Сфера Интернешнал. Двете се граѓански организации кои работат со млади и активно учествуваат во креирањето на младинските политики на национално и локално ниво, во регионалните и ЕУ програми за волонтерска размена и активно го поддржуваат функционирањето на Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола.
Младите битолчани имаат можност да станат дел од овој сервис преку пријавување на Јавниот повик што се објави денес на Фејсбук и Инстаграм профилите на МКЦ – Битола и Сфера Интернешнал. Исто така, младите имаат можност да добијат информација и преку постерите што ги има на различни локации во градот.
Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на МКЦ Битола се спроведува во рамки на Регионаланата програма за локалана демократија во Западен Балкан 2., која е финснирана од ЕУ, а ја спроведува програмата за развој на ОН.


















