ТЕРА

REKLAMA???

МОГИЛА ПРОСПЕРИТЕТНА НАЈПРВИН СО МОДЕРНИ УЛИЦИ

Oпштина Mогила е општина со 22 населени места, жители кои се занимаваат со земјоделие и млади генерации кои се трудат да останат овде. Инфрастурктурните проекти коишто се реализираа во текот на претходните 4 години и проектите што се во тек,  за градоначалникот Драганчо Саботковски се важен дел од обидот на сите да се задржат младите семејства овде, во родната земја.

На улицата Гоце Делчев, блиску до спорткиот комплекс „Димче Могилчето“ во моментов се гради улица.

„Улицата е една од приориттните улици, бидејќи тука во овој дел веќе четврта година организираме интернационален турнир со многу дечиња и многу посетеност и заклучивме дека потребата на село Могила во општина Могила е потребата да се направи по европски стандарди. Што тоа значи: 4,5 метри асфалтна ширина, 2 метри тротоар, атмосферска канализација и пристап део сите домаќинства кои водат на оваа страна од село Могила.  Дотраена беше постоечката улица , се проширува за метар и половина, дополнително се градат и безбедни пешачки патеки и нормално, атмосферската канализација којашто е многу важна за трајноста на самата улица. Тоа е околу 1 квадрати патека, 2 илјади квадрати асфалт и атмосферска канализација, ќе се изградат на улица Гоце Делчев, Средствата се од унгарскиот кредити вклучувајќи и ко-финансирање од општина Могила. Тоа е еда заедничка соработка на централната и локалната власт и продолжување на развојот и напредокот на општина Могила. “

Во Могила се работи и на другите улици. Улицата Пелагонија се асфалтира и реконструира 3,114 квадратни метри површина, улицата Гоце Делчев 2.112 квадратни метри асфалт, се ова во вредност од 17 милиони 763 илјади и 563 денари. Улицата Пелагонија е распослана од кружниот тек во Могила до другата страна на селото, улица којашто има многу домаќинства и жители, фреквентна и  во сообраќајот на авт6омобили и земјоделска механизација. Средствата за проектот се обезбедени  со ко-финансирање , од Унгарскиот кредит и од општина Могила.

„Добрата инфраструктура првин ги задржува семејствата да останат и творат во селата, онаму кадешто се родени , тоа е и целта на руралните оппштини , тоа е најголемата борба којашто ја водиме сите општини, буквално младите и повозрасните да останат тука и да ги развиваат своите семејства. Се надевам со наша помош , буквално максимална поддршка во секое поле, се трудиме токму тоа да го постигнеме. “

 

Во досегашниот 4 годишен градоначалнички мандат Драганчо Саботковски ова не се единствените кои се реконструираат и градат сега. Бројни се урбанистички проекти кои на Могила во општина Могила му даваат нов лик. Впрочем Саботковски вели општината мора да биде просперитетна заедница, кадешто секој глас ес слуша и вреднува. A општината има 22 населени места. Во некои се завршени по неколку улици, во други суште се проектираат инфраструктурните работи.

„Да околу 37 улици се изградија, овие се последните улици кои се града, се надевам дека ќе дозволи времето да ја завршиме оваа градежна сезона , доколку не дозволи ќе продолжиме оваа пролет , така што задоволни сме во делот кадешто се сработија улиците и во наредниот период, во наредниот четиригодишен мандат ние продолжуваме со изградба и реконструкција на улици се до целосно затворање буквално на секоја пристапна улица. “

Преку овие инфраструктурни проекти, финансиите што се користат и интензитетот на работа, Драганчо Саботковски верува дека Могила ќе направи голем исчекор во урбанизацијата, ќе биде место посакувано за живеење, затоа и по вторпат ја бара довербата од граѓаните на овие локални избори.