Националниот парк „Пелистер“ во соработка со експерти од Германија и Националниот парк „Галичица“, на Пелистер спроведуваат организирано проучување на лилјаците. Синоќа реаелизираа едукативна сесија со средношколци, а истражувањето ќе се спроведува до 16 овој месец.

Злокобен, сенишен, дракулест – се се ова дефинирања на еден од најинтересните цицачи кои летаат – лилјаците. Лошиот имиџ започнува со фактот дека тоа се суштества на ноќта, многу брзи летачи, и бесшумни. Природонаучниците секако ја гледаат поизитивната страна и од ова божјо сутество, а синоќа во информативниот центар на НП „Пелистер“ ученици од средните училишта Д-р Јован Калаузи“ и „Таки Даскало“ имаа прилика да посведочат на еден од методите на научното истражување на животот на лилјаците.


Групата за проучување и конзервација на Лилјаците , предводена од Бернт Олендорф повеќе од 40- години се занимава со проучување на оваа врста и секоја година истражуавњата ги спроведува во различна земја. Годинава се во Македонија, а тоа беше приликата да се реализира овој интересен настан.

„Биодиверзитетот е многу интересен, оттука и посетата на овие два национални паркови “ вели Бернт Олендорф,додавајќи „Националните паркови овде се прекрасни и кога се мисли на лилјаци и за птици , пеперутки, мечки.“ „Секој вид има различен популационене тренд, кај некои популацијата се зголемува, а кај некои не.- рече Оледорнф на прашање каква е популацијата на лилјаци во Европа. Засега за Балканот немаат точни податоци, но по оваа посета веројатно ќе ја знаат патеката на движење на лилјаците кои деновиве ќе ги измрежарат. Сите ќе добијат сребрена алка преку која софтверски, компјутерски ќе им ја следат патеката и ќе знаат до каде се прелетале или како завршиле.

И додека во дворот на инфо-центарот се одвиваа подготовките за набљудување, уловување на две локации од битолската страна на Пелистер – Бегова Чешма и Лајсточин камен, еден мал лилјак реши да се сокрие тука кај луѓето кои пројавија интерес.

Експертите го забележаа преку специјалното апаратче што го користат. „Тоа е скенер на лилјаци, што е опремен со специфичен микрофон кој ги открива ултрасоничните фреквенции на лилјаците. Секој од видовите лилјаци има специфичен звук , по што ги идентификуваме. Ноќе, кога тие се движат неможете да ги видите, а со ова апаратче знаеме дека некој од нив прелетува. “
Лилјаците се м ногу значајни за нашите еко системи вели Дејан Димиџиевски соработник за животниски видови во НП „Галичица“.
Се почесто се поставува прашањето како се чува природата, ние рече директорот Иванчо Тошевски. Поканата на средните училишта од градот да присуствуваат на ваква демонстрација е еден од начините – ова подразбира јакнење на свеста за значењерто на природата преку еколошки едукации како оваа.













