ТЕРА

REKLAMA???

Надминување на проблемите на транспортерите: Биометриската контрола одложена за септември

Биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година, а во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Решавање на предизвиците со кои се соочуваат транспортните оператори во земјите од Шенген зоната, како и наоѓање на долгорочни решенија за превозниците, беа главни теми на денешниот конференциски состанок. На средбата учествуваа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, во присуство на претставници на Европската комисија, вклучително и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти.

Претставниците на Европската Комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и дека ја разгледуваат можноста оваа категорија на работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите, вели Николоски.

Биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од/во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година, а во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.

Ова е приоритетна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни земајќи ја во предвид важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија.

Владата веќе изрази целосна поддршка на превозниците и во насока на изнаоѓање на прифатливо решение за истите ги презема сите мерки што и стојат на располагање со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај, посочи вицепремиерот.