ТЕРА

REKLAMA???

Наставниците од Могила се обучуваат за користење вештачка интелигенција во наставата

Во Могила се одржа обука за користење на вештачката интелигенција во наставата, на која присуствуваа сите наставници вработени во основните училишта во Општина Могила – квалитетни кадри кои со својата работа оставаат трага во иднината на нашите деца.
„Благодарност до обучувачите од Клубот на наставници ЛЕАД – Скопје, кои нудат уникатна програма што ги обединува наставниците во заедница за учење, поддршка и развој, овозможувајќи размена на идеи и значаен придонес кон подобрување на квалитетот на образованието. Ги поздравив присутните и им посакав пријатна работна атмосфера, истакнувајќи дека Општина Могила секогаш ќе ги поддржува ваквите иницијативи за стручно усовршување. Инвестицијата во знаењето е инвестиција во иднината.“- вели градоначалникот на  општина Могила, Драганчо Саботковски, кој додава дека образованието на иднината почнува од наставникот.