ТЕРА

REKLAMA???

НА АУКЦИЈА ПРОДАДЕН ВЕСНИК ОД 1912 ГОДИНА ЗА ПОТОНУВАЊЕТО НА „ТИТАНИК“

Аукционерите на Хансонс, британска аукциска куќа, при расчистувањето на објект во Стафордшир, во гардеробер пронашле 112 години стар весник. Сопственичката на објектот чувала весници кои ги одбележуваат големите настани, различните англиски крунисувања и слично. Овој „Дејли Мирор“ бил објавен 5 дена по најголемата поморска несреќа, потонувањето на тогаш најголемиот брод „Титаник“ во која животот го загубија 1.469 луѓе од проценетите 2.224 патници и членови на екипажот. Историјата на човештвото ја регистрира несреќата како најсмртоносното потонување на еден брод .

На осум страници „Дејли Мирор“ детално ја прикажува трагедијата и хероите на бродот. „Тие дадоа се од себе прво да ги спасат животите на жените додека достоинствено ја прифатија сопствената судбина. Тоа е вредно парче од социјалната историја“.-вели Чарлс Хансон, сопственик на аукциската куќа.

Насловната страница е фотографија од две жени од Саутемтон, од каде тргнал „Титаник“ на своето патување кон тогаш Њујорк Сити во САД.  Пишува: „Од 903 членови на екипажот на Титаник, само 210 се спасени. Ова значи трагедија по трагедија за Саутемптон, каде што живееше мнозинството работници на бродот.“-вели Хансон.

Внатре, на двојна страница објавени се слики на жртви, насловена: „Некои од многуте херои на ужасната катастрофа на Титаник“. Па текстот вели: „Вчера беше ужасен ден во историјата на градот, иако стави крај на сета неизвесност. Списокот на спасените беше објавен пред канцелариите на Вајт Стар, а мајките и сопругите кои се надеваа со нетрпение ги читаа имињата, само за да ги откријат нивните најлоши стравови.“

Чарлс Хансон, сопственик на Hansons Auctioneers коментира на нивната веб страна дека весникот и нему како веројатно и на други му помогнал да се тргне од обичното разбирање на трагедијата низ призмата на бројот на жртви. „Лесно е да ги прочитате тие бројки и да ги закопате во задниот дел од умот. Неизбежно, постои и тенденција да се фокусираме на бројот на загинати на бродот, а не на семејствата на жртвите дома.“

Весникот, лот 3329,  се продаде на аукцијата одржана на 20 август  за 34 фунти.