Денес е 1-ви Април Денот на шегата. Ден на кој што најмногу се радуваат децата. Денеска кај Саат кулата во Битола и низ Широк Сокак продефилираа најмалите маскирани во своите омилени супер херои, а некои во она што сакаат да бидат кога ќе пораснат.

Имаше и тематски маски. Се сретнавме со учениците и наставничката од подрачното училиште „Др.Трифун Пановски“ од Дихово. Припремија и песничка за 1-ви Април.

Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги . Се проценува, дека 1 април како ден на шегата го прославуваат околу 1 милијарда луѓе низ светот.

Во нашата држава децата се маскираат во градинките и училиштата, се одржуваат маскенбали на плоштадите во градовите низ државата, сите се весели, се смеат, кажуваат шеги и лаги.

И возрасните во последните години организираат маскенбали по кафулињата и се одбираат најиновативни маски.













