Водител, музичар, шоумен? Беше првото прашање за популарниот Жаре Бербер кој викендов приреди одлична забава во кафе барот „Рокси“ во Битола.

Народот сака и ужива во забавите, така ни рече пред забавата, а атмоферата од потоа само го потврди тоа што го кажа тој.

„Важно е како ќе ја пренесете песната, дали енергијата ќе стигне до публиката, тое е важно за добра забава. Нашата работа е пакет, не е само музика и други нешта се важни за ваквите настапи“ вели тој.
Со телевизиска емисија дава простор и на оние млади таленти кои што имаат што да покажат.

Вака беше саботата во „Рокси“, каде и гостите и ние си поминавме убаво. Летото е пред нас, а во „ROXY coffee, juice and much more“ имат добра понуда за вистинска летна забава, релаксирање и уживање.


















