Колкава ќе биде толеранцијата на Сејф сити? Дали ќе се толерира мало пречекорување на брзинаат и колкаво ќе биде тоа? Ова се клучните прашања кои ги засегаат возачите, за почеток скопските и сите оние кои го посетуваат Скопје.
Но, од правилата на Сејф сити се засегнати сите возачи низ државата бидејќи се планира системот да се прошири и надвод од главниот град.
Прашањата околу толеранцијата на брзината која се регистрира и преку камерите од системот „Безбеден град“ се расчистуваат со последните изјави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој вели дека толеранцијата ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари.
Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри.
Односно, ако е дозволено да се вози си 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок штом брзината достигне 57 км/ч.
Оваа толеранција се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци, но не важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.
Тошковски информираше дека системот „Безбеден град“ ќе ги процесуира и службените возила кога тие не постапуваат во рамки на оправдани оперативни дејствија.
Кога служените возила ќе постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, нема да бидат во систем, кога нема да постапуваат во рамки на оперативно делување, ќе бидат. Тоа значи дека секое возило на брза помош, пожарна, МВР, Министерството за одбрана, при вршење службени дејствија нема да биде дел од системот доколку тоа се оправда согласно целисходноста на нивното делување во рамки на нивното службено дејствие.
НА КОЛКУ КИЛОМЕТРИ СТИГНУВА КАЗНА ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА НА ВОЗЕЊЕ

















