ТЕРА

REKLAMA???

НА ОСТРОВОТ ЗАКИНТОС, ВОДНИТЕ ЖЕЛКИ ,,КАРЕТА” ГЛАВНА АТРАКЦИЈА ЗА ТУРИСТИТЕ

На островот Закинтос, во Грција, главна атракција за туристите се водните желки познати под името карета-карета. Желките се најчеста појава на островот во периодот помеѓу мај и август и доаѓаат со цел да положат јајца. Плажите Лаганас, Каламаки и Секаниа се најпознати засолништа за водните желки, карета, а заштитени се од Националниот морски парк Закинтос, основан во 1999 година. На плажите каде што желките положуваат јајца има одредени ограничувања за туризмот и човечките активности со цел да се заштитат положените јајца.

На островот Закинтос постојат повеќе едукативни тури за желките, а и можноста тие да се видат со голо око. Една од најпознатите тури која нуди средба со желките, карета е ,CARETTA CARETTA TURTLE TRIP” кој не чини повеќе од 25 евра, а овозможува посета на три острови, Камео, Пештерите Кери и Маратониси.

 

Главната цел ,,TURTLE TRIP” е проучувањето на морските желки кои се препознатливи по својата голема глава и силни вилици, а достиггнуваат должина од околу 90 цм и тежина од 135 кг. Интересен факт е што желките секогаш се враќаат на плажите каде што се родиле, а процесот на положување на јајцата се случува во текот на ноќта, кога желката излегува и копа дупка во песокот каде што положува околу 100 јајца. Процесот трае неколку часа, а потоа желката се враќа во морето. Јајцата остануваат во песокот окоолу 50 дена.

Друг факт за желките, е приврзувањето кон местата каде што се добро нахранети и згрижени. Во Закинтос, разговаравме со еден од локалците, кој си припитомил водна желка, со тоа што секојдневно ја храни, а притоа и собира бакшиш од туристите за набавка на храна со тоа што за возврат им дозвулува на поминат одредено време со желката и да ја фотографираат. ,,Само оваа желка живее веднаш до мојот чамец и никогаш не заминува. Секогаш ја наоѓам на истото место. Се дружиме со години затоа што секојдневно ја хранам” – рече еден од жителите на островот.

Оваа желка ја сретнавме блиску до островот Камео.

Камео е остров создаден во 1633 година од земјотрес, а освен дрвениот мост, познат е по карпестата модернизирана површина со бар каде што туристите можат да се напијат пијалок и прекрасно уредена, камена плажа. Влезот на Камео навечер е 10 евра со вклучен пијалок, а наутро 5 евра со можност за посета на плажата и вклучена е фотографија со островот Камео во цената.

На островот Кери, поминувањето по Камарес и пливањето во кристално, чистата вода е вистинска атркација и животрно доживување, а островот Маратониси, како последна дестинација од крстарењето со брод, е познат по златната, гнездечка плажа на морската желка карета-карета и големите пештери.

Закинтос не е само центарот на забавата, Закинтос има историја, богат е со карпи, пештери и кристални води. Претставува ризница на кутлруни и природни богатства, а пештерата ,,Blue Caves” сведочи за пејсажи кои го одземаат здивот. Токму тука сончевата светлина продира низ морето и создава магични сини нијанси во водата.