ТЕРА

REKLAMA???

На плоштадот „Магнолија“ следење во живо на натпреварот Македонија-Португалија

Репрезентацијата на Македонија во Порто го игра еден од најголемите свои натпревари во историјата, дуелот со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Залудно е да се трошат зборови за тимот на Португалија, имаат извонредни играчи, не би издвоил никој посебно, ќе треба да зборувам многу. Ние не сме дојдени тука како туристи, дојдовме да уживаме во натпреварот и да победиме. Никој не очекуваше да играме финале за пласман на СП, ние сме тука, нема бегање од тоа, Македонија ужива во тоа, од мене играчите имаат една порака, да уживаат во моментот и натпреварот со Португалија“ рече селекторот Благоја Милевски.

По големата победа над Италија, вечерва нема да има место каде што нема да се гледа фудбал.

На плоштадот Магнолија во Битола од 20:45 организирано следење и навивање за македонската репрезентација.