ТЕРА

REKLAMA???

На самитот на НАТО ќе се расправа за одбраната на подолг рок

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, пред денешниот самит на Алијансата во Брисел, изјави дека сојузниците  дале поддршка на Украина за да  помогнат во нејзиното „фундаментално право на одбрана“, но повторно истакна дека основната задача на воената алијанса е одбраната и заштитата на членките на НАТО.

Бидејќи Украина не е членка, Алијансата повеќепати повтори дека нема да испрати војници во земјата, иако го зголемува своето воено присуство во соседните земји членки.

Столтенберг вели дека лидерите на НАТО денеска ќе разговараат за одбраната на подолг рок.

„Првиот чекор е формирање четири нови борбени групи во источниот дел на Алијансата, во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка“, рече Столтенберг.

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Брисел, од каде ќе му испрати порака на рускиот колега, Владимир Путин, дека додека трае руската инвазија на Украина, западниот сојуз е посилен од секогаш, од крајот на Студената војна, коментираат светските агенции.

На денешната агенда на Бајден, прв е вонредниот самит на НАТО, па состанокот со Г7, а потоа и средба со лидерите на ЕУ.