ТЕРА

REKLAMA???

НА УТРО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ПРЕКУ ДЕНОТ СО СОНЦЕ

Утрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Утринската температура во Битола околу -2, а дневната до 13 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст. На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. До тогаш ќе продолжи да дува северен ветер.