ТЕРА

REKLAMA???

НА 24 – УТРЕВЕЧЕР КОНЦЕРТ НА РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА ВО БИТОЛА

Eден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд „Западни колодвор“, доаѓа во Битола на концерт кој носи вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања.

24  јануари е предвиден за концерт на Раде Шербеџија во Битола. Најавен на прес конференција пред неколку недели, денеска од Центарот за култура информираат дека има уште малку слободни влезници за концертот.

Присутните ќе имаат можност да слушнат нови материјали на популарниот актер, уметник за кого велат дека најпрвин освојува со препознатливиот глас и „ненаметлива сценска присутност при што создава интимна атмосфера во која публиката станува дел од приказната.“

Шербеџија доаѓа во Скопје со концерт кој го надминува класичниот музички настап и се претвора во вечер на поезија, емоции и вистина.

Во Битола концертот беше најавен на прес конференција на која актерот Петар Мирчевски го најави својот колега и пријател. Вели се е добро од и со Раде, ама не е во искушение да настапува утревечер со него.

Центарот за култура вели дека концертот ќе биде можност „публиката да доживее вечер во која се бришат границите меѓу сцената и гледалиштето, меѓу музиката и животот. Раде Шербеџија и Западни колодвор носат атмосфера на топлина, блискост и искрена емоција, каква што ретко се среќава на современите концерти.