ТЕРА

REKLAMA???

НА 30 АПРИЛ НОВИ 20 ХИТОВИ НА СИ-ДО

Како и секоја година со химната на фестивалот, така и лани заврши 28 издание на детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, а подготовките за 29 -то годинашно издание започаа уште ланската година, вели Дарко Шерденков, организатор на фестивалот.

Во тек е продукцијата на видео најавите, односно претставувањето на учесниците на годинашното издание.

Во првите денови од април ќе имате можност преку програмата на Тера телевизија секојдневно да се запознавате со учесниците на овој фестивал, кои на големата сцена на Центарот за култура на 30 април ќе донесат нови 20 хитови.