ТЕРА

REKLAMA???

НЕВЕСТИНСКИТЕ ФРИЗУРИ НИЗ ВЕКОВИТЕ

На битолски Широк Сокак имавме можност да уживаме во получасовниот перформанс насловен „Коса“. Перформансот ја опфати трансформацијата на невестинските фризури низ годините, односно вековите. На лице место авторката на проектот плетеше плетенки и ги правеше невестинските фризури.

„Трансформација на невестинските фризури низ годините, односно вековите. Одсносно од 19 век од расплетувањето на едната плетенка од девојчинството и плетењето на две плетенки за невеста, односно преодот во невестинство, па се до денешната фризура до 2015 до 2020 година. Земени се фризурите коишто најмногу биле застапени во тие периоди. Прво невестинската плетенка, потоа градската фризура за невеста, потоа следи периодот со невестинските фустани од 70-те , 80-те, 90-те и почетокот на 20-от век“, рече м-р. Наде Костадиновска-Спасеновска од Музеј на Македонија.

Зошто е интересна трансформацијата?

„Трансформацијата е интересна бидејќи од една плетенка која ја правеле возрасните жени и која во минатото е претставена низ еден обичај, тоа проследено тековно низ годините, доаѓа до повторно на изработка на сите тие фризури од вештата рака на жената, меѓутоа сега жената тоа го прави како еден вид на занает, професија, сега не е како обичај за разлика од минатото. Исто така фризурите се интересни бидејќи почнуваат од една плетенка, потоа следуваат невестинските пунџи-ниско поставени, потоа високите со големи кругови, до опуштени фризури, меѓутоа интересно е тоа што во поново време особено во 2022 и 2023 некако онаа старата првичната традиционалната да речам наша македонска фризура повторно е во мода, можеби не на истиот начин како што се плетела низ минатото низ сите тие обичаи проследени со песни, туку сега има малку поинаков изглед, значи внатрешна плетенка, рибина коска плетенка, итн. Меѓутоа убавото е така да речеме што плетенката можеме да ја вметниме во новите фризури, па да ни биди спој со минатото и сегашноста со модерното“, рече Костадиновска-Спасеновска.

Трансформацијата на невестинските фризури беше прикажана со музиката низ времето во кое се создавале.

 „Денеска се 6 фризури. Првата е во невестинска носија од Скопска Црна Гора, и обичајот со плетење на девојчинската плетенка, потоа следи градската носија со градската фризура и периодите во четирите невестински фустани се во 60-те, 70-те, 80-те, 90-те и 2020 година. За сите периоди е земана песна која е прикладна  која се пеела за време на обичајо,т со расплетување на плетенката, постоа до изнесувањето на невестата со позната „Черешна се од корен корнеше“, па се до традиционалните песни, односно првиот танц кој го играат невестата и младоженецот“, вели Костадиновска-Спасеновска.

Соработници на перформансот беа Ансамбл Македонија, а настанот се одржа во рамки на фестивалот Илинденски денови.