Некогаш ги има а некогаш не, вака велат дел од граѓаните кои што побарале масло и брашно во дел од маркетите во Битола. Дел од нив внимаваат и на фискалните сметки дали производите ги купиле без ДДВ.

И покрај тоа што веќе една недела е на сила одлуката на Владата за лебот, брашното тип 400, маслото, млекото, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи да се продаваат со нула проценти ДДВ, за граѓаните сепак цените се високи.

Расте и цената на горивата. Синоќа регулаторна одлучи за 3 денари да ги поскапи бензините и дизелот.Така од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголеми за 1,571 ден/кг, и изнесува 55,163 ден/кг.Граѓаните велат дека цените се високи за наш стандард, но никој не сака да се откаже од автомобилот.

Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,60% во однос на одлуката од 23 март, соопшти синоќа Регулаторна.













