Неколку жители на населбата стара болница во Битола утрово ги затекнаа своите автомобили со дупнати гуми. Оштетените вознемирено реагираа до телевизија Тера. Велат дека автомобилите во ваква состојба ги затекнале рано наутро, посочувајќи дека возилата биле уредно паркирани на платениот паркинг во населбата. Случајот го пријавиле во полиција.
Неколкумина битолчани утрово ги затекнаа своите автомобили со дупнати гуми

















