Тамара Стојковска ја промовираше својата најнова песна ,,Не е до мене”. Таа е самостоен уметник од Битола и зад себе веќе има 5 песни. Заедно со Коста Хаџикојчев се автори на текстот за ,,Не е до мене”, а Каџикојчев беше задолжен и за музиката и аранжманот. Песната ја прати и колоритен спот со повеќе интересни ликови кој е сниман на неколку локации во Битола.

„Пораката што ја носи песната ја реализиравме со видео спот во кој има 17 учесници и е сниман на повеќе локации. Идејата беше да ја доловиме таа позитивна енергија и чувство на слобода кога ќе завршиш токсични другарства, врска со партнер, и навики и сфаќаш дека не си бил/а причината што нешто не функционира. Сме биле сите таму, нели?“ – вели Тамара.


















