Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски од прес конференција рече дека на тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола, избрана е поскапата понуда на како што вели, омилената фирма Марковски за ископ на јаглен во вкупен износ од 46 милиони евра.
„Би сакал да зборувам за врвот на криминалот кој што се случува во последните месеци и последните денови од власта на заминување на СДСМ и на ДУИ. Имено овие денови беше потпишан тендер во вредност од не помалце ни повеќе туку 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и омилената компанија на власта Марковски компани на белорускиот почесен конзул, Борче Марковски рекордер во тендери во Македонија.
Ова е најголемиот тендер потпишан во РЕК Битола за ископ на јаглен во последниот период и повторувам чини фантастични 46 милиони евра.
Првото прашање кое што се поставува е зошто не е избрана најевтината понуда, а е прифатена понуда која што е за околу 30% повисока од најевтината понуда. Имено понудата која што е прифатена е во вредност од 129.7 денари по гига џул, а имало и понуда која што била 100 денари по гига џул. Повторувам прифатената понуда е од 129.7 денари по гига џул, а има понуда од 100 денари по гига џул.
Како што јавноста може да види имало три понудувачи и не е избран најевтиниот понудувач, туку е избран поскапиот понудувач, па јавно прашувам каде одат овие 30%? праша Николоски.












