Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски заедно со претседателот на партијата Мицкоски вчера беа во Унгарија, на покана на Орбан, во изборниот штаб на партијата Фидес во Будимпешта, каде се чекаа резултати од вчерашните избори во Унгарија.
„Честитки за Виктор Орбан за убедливата победа на изборите! Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имавме чест да бидеме дел од прославата на големата победа за Унгарија и ЕУ. Со оваа победа Орбан станува Премиер со најмногу мандати во земја членка на ЕУ. Оваа победа испиша историја. Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија и ќе стори се што може Македонија да напредува кон ЕУ, кон подобар животен стандард и повеќе инвестиции“ напиша Николоски.

Честитка до Орбан упати и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петтиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучиќ. Македонија има пријатели“ вели Мицкоски.














