ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: ПАНДАРОВСКИ Е СВЕСЕН ДЕКА ГО ЧЕКА ОГРОМЕН ПОРАЗ

Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот во Гевгелија.

Николоски истакна дека веќе сме скоро на недела дена до гласањето, а Пендаровски не одговори на три клучни прашања.

„Прво каков е тој чесен човек кој потпишува измени на кривичен законик со кој се амнестира високиот криминал и корупција во Македонија? Второ каков е тој чесен претседател кој збор нема кажано за ниедна афера на СДС и ДУИ, а особено на ДУИ? Трето каков е тој чесен претседател кој прифаќа кампањата да му биде финансирани со народни крадени пари?“ вели Николоски.

Николоски нагласи дека Пендаровски исто така должи одговор и на цела јавност што стори изминативе 5 години, по што ќе го паметиме освен распродавање на македонските национални интереси?

„ Дали успеа да ја претстави Македонија добро надвор? Дали се бореше Македонија внатре? Дали бараше повеќе ред и правда, дали влијаеше во судскиот и обвинителскиот совет да има владеење на право или можеби донесе странски инвеститор? Одговорот сите го знаете, тоа е едно големо НЕ. Исто и СДС и ДУИ со прст не мрднаа, камен немаат ставено, во Гевгелија не може да видиме една работа која ја имаат направено“ рече Николоски.