ТЕРА

REKLAMA???

НОВАЦИ ПРАЗНИЧНО ЗА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Македонската духовна традиција и народната култура повторно денеска се споија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во општина Новаци.

 

Верниците се собраа на поклонение со почетокот на денот, трпеливо стоејќи пред портите на Црквата очекувајќи го миропомазанието што го правеше на секој присутен парохискиот свештеник.

Свештеникот ги миропомаза и политичарите и директорите.

Во дворот на црквата се одржа и панаѓур, а радосниот тон на празнувањетоденеска го одбележа музиката што ја изведуваше Татјана Лазаревска.

 

Ова празнување се одржува од покровителство на градоначалникот на Новаци. Денеска Стевче Стевановски за медиумите изјави дека зад тридневното празнување стои Општина Нoваци во соработка со општествено одговорни компании кои се лоцирани и работат на територија на општината.

Празнувањето започна со вечерната литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-Пелагонниски г-н Петар.

Музичката програма ја водеа и Марјан Коцев кој настапи вчера и групата „Венус“.

Црквата, за сите добронамерници ќе биде отворена до крајот на денот, а народниот собир ќе продолжи и во вечерните часови во духот на заедништво и почит кон големиот празник.