ТЕРА

REKLAMA???

НОВОГОДИШНАТА ТОПКА НА „ТАЈМС СКВЕР“ ВО ЊУЈОРК, НАЈГОЛЕМА АТРАКЦИЈА ЗА ТУРИСТИТЕ ОД СВЕТОТ

Со спектакуларното спуштање на познатата новогодишна топка, на една минута пред полноќ, беше дочекана Новата 2026 година на „Тајмс сквер“ во Њујорк.

Ова е најголемата атракција за туристите од целиот свет кои Новогодишните празници ги поминуват во градот којшто никогаш не спие.

На надворешна платформа високо над „Тајмс Сквер“ беше вклучен прекинувач, што ја осветли и подигна кристалната топка тешка повеќе од пет тони.

Топката содржи 5.280 кристали и ЛЕД плочки и е монтирана на столб висок 42 метри.

Инаку, новогодишната топка беше поставена на „Тајмс Сквер“ кон крајот на ноември минатата година.

Оваа празнична традиција започнала уште во 1907  година.

Традиционалното спуштање на светлечката топка на „Тајмс Сквер“ во Њујорк, годинава ја симболизира двеипол вековната американска годишнина.