Летното сметање на времето започнува на 27 март. Стрелките на часовникот во 02:00, се поместуваат за еден час нанапред, со тоа што времето во 02:00 се смета како 03:00.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври.













