ТЕРА

REKLAMA???

СЛЕТУВАЊЕТО НА МАДУРО ВО ЊУЈОРК СЕ ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази загриженост поради тоа „што не се почитувало меѓународното право“ кога е во прашање американското апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро соопшти дека операцијата ја нарушува основната забрана за употреба на сила, која претставува темел на меѓународниот правен поредок. 

Остра реакција упати и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој ја осуди американската воена интервенција како тешко нарушување на суверенитетот на Венецуела. Наспроти ова, италијанската премиерка Џорџа Мелони ја опиша воената акција како легитимна и одбранбена.

Британскиот премиер Кир Стармер кажа дека прво сака да разговара со Доналд Трамп.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека внимателно ја следат ситуацијата во Венецуела и дека секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН.

Во меѓувреме авионот во кој беа Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес слетаа во државата Њујорк. Погледнете го преносот во живо: