Утрово 2 степена на Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Kрушево, 7 Претор, 8 Охрид, 9 Прилеп, Берово, 10 Тетово, Битола, Струмица, Дебар, 11 Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка, Виница, Гевгелија, 12 Штип, Куманово, Дојран, 13 Скопје – Петровец, Демир Капија.
Во текот на ноќта беше облачно и со врнежи од дожд кои започнаа во западните делови. На поголемите височини имаше поизразен најчесто јужен ветер, а утринава ветерот засилува во Штип (до 40 км/час) и Д. Капија. Во 7 часот врнежи од дожд се забележани во Скопје, делови од Пелагонија, Тетово, Пожаране, Штип и Струмица.
Денеска променливо облачно со повремен дожд поинтензивен особено во западните делови. Претежно на југот ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60 км/час).
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени. Во Битола до 19 степени.













