Во организација на Сојуз на борци, денес со положување на свежо цвеќе е одбележана 83 годишнината од смртта на народните херои Стeфан Наумов – Стив и Димитар Богоевски – Мите, кој заедно загинаа на 12 септември во 1942 кај местото Болно, Ресенско, соопштија од Општина Битола.
Во име на општина Битола почит оддаде градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, Сојуз на борци и членови на фамилијата, претставници на политичките партии како и ученици од основното училиште „Стив Наумов” од Битола.
Фото: Општина Битола