ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АРМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој е и врховен командант на Армијата, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Македонија.

„Нам ни се потребни сериозни реформи, а во таа насока, преговорите за членство во Европската Унија можат само да ни помогнат да ги мобилизираме сите ресурси и да ги направиме политичарите далеку поодговорни во својата работа. Критичен предуслов за тоа е да ги надминеме политичките разлики и да се обединиме околу започнувањето на преговорите, што ќе ни помогне да спроведеме суштински реформи, за доброто на сите граѓани. Притоа, да се угледаме на Армијата, да ги збиеме редовите и здружено да се посветиме на врвниот интерес и на оваа, и на сите наредни генерации, порача претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.

На свеченоста присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петовска.

„Се гордееме со нашата историја и со нашата Армија! Одбележуваме 80 години од конситуирањето на првиот партизански батаљон “Мирче Ацев”,кој како одраз на вековниот стремеж на македонскиот народ за државност, самостојност и историско наследство е одбран да биде и Ден на Армијата.

На 31. роденден на Армијата, изразуваме благодарност кон припадниците на македонската Армија, кои со храброст и одлучност ја чуваат нашата слобода и државност и оддаваме почит на нашите припадници кои ги дадоа своите животи за татковината.

На овој ден посакувам нивната храброст и одлучност да се прелее и кај сите нас кои треба да носиме одлуки во име на граѓаните за доброто на државата. Затоа што вистинските партиоти државата ја сакаат со дела, а не со зборови. Да живее Армијата! Да живее Република Северна Македонија! Нека ни е честит и вековит 18 Август – Денот на Армијата, рече министерката Петровска.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата.

„Ми претставува особена чест што денеска сум заедно со вас на одбележувањето на 31 година од формирањето на Армијата на нашата татковина. Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО.

Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Северна Македонија.

Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Северна Македонија.

Како членка на НАТО денес Армијата на Северна Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија.

Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Северна Македонија. Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери во изминативе години направи видливи резултати и огромни чекори без разлика дали станува збор за законодавна рамка, стратегија или организациски сегмент во работењето на Армијата.

Големи напори вложивме во враќањето на достоинството на војниците, подобрување на нивниот статус и материјална положба“ рече Ковачевски.