Цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари поскапуваат од петок, кога стапуваат во сила измените на Законот за акцизите. Собранието ги усвои овие измени минатата недела на 3 октомври.
Цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија, а Владата, според образложението на законските измени, очекува да има зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.
Дополнително, со усвоените измени, секој 1 јануари до 2030 година, акцизата на цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче. Ваква законска одредба имаше и досега, но таа истекуваше годинава, пишува СДК.












