ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ

Утрово 6 степени на Попова Шапка, 8 Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 10 Крива Паланка, 11 Претор, Берово, 12 Охрид, Прилеп, Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, Тетово, Дебар, Штип, Струмица, Демир Капија, Кавадарци, Куманово, Велес, 14 Гевгелија, Дојран.

Најмногу дожд 23 л/м2 наврнаа во Дебар, 21 Охрид, 16 Крушево, 15 Маврови Анови, 13 Лазарополе, 9 Пожаране, 8 Претор, 7 Куманово, 6 Кавадарци, Тетово, 5 Скопје-Петровец, Велес, Попова Шапка, 3 Битола, Демир Капија, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, во останатите места  <1л/м2.

Во текот на ноќта имаше нестабилност претежно во западниот и југозападниот дел од земјата. Утрово преовладува променливо облачно време со зголемена облачност во крајните западни и источни делови. Утринава врнежи од дожд имаше во Крива Паланка, Штип и во делови од Пелагонија.

Времето денеска променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Битола до 21 степен.