ТЕРА

REKLAMA???

ОД СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА „МОНОДРАМА“ ВО БИТОЛА

Во Битола се одржува 26-от по ред интернационален фестивал на „Mонодрама“. Започна викендов, фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

Коњановски нагласи дека Фестивалот на монодрамата денес е пропознатлив симбол на градот.

„Монодрамата, како најинтимна и најлична форма на театарската уметност, претставува вистински предизвик за актерите, но и длабоко доживување за
публиката. Таа ни овозможува да ѕирнеме во најскриените човечки емоции, мисли и борби, исклучиво преку силата на зборот и актерската изведба. И
токму затоа, овој фестивал е посебен. Тој не само што го слави театарот, туку и храброста на индивидуата да застане сама пред светлата на сцената
и да ја раскаже својата приказна. Битола, со својата долга и богата театарска традиција, се покажа како совршено место за ваков фестивал, бидејќи Битола не е само град на конзули и на историја, Битола е град на отворени срца, на талентирани уметници, на публика што знае да препознае вредност. Овој фестивал, кој
веќе над четврт век ја збогатува нашата културна сцена, е доказ за тоа.

Овој фестивал не само што ја збогатува културната понуда, туку и придонесува за интернационална соработка, размена на идеи, искуства и уметнички визии. Деновиве, нашата општина ќе биде вистински културен центар каде се среќаваат различни јазици, традиции и уметнички стилови на актерството, преку индивидуалните пристапи и визии на актерите и нивните тимови“, посочи Коњановски.

Пред присутните се обрати и директорот на Центарот за култута Битола, Влатко Илиевски, кој ги  поздрави сите учесници, гости од земјата и странство и им упати благодарност што jа избраа Битола како место за овој значаен настан.

Годинава на фестивалот се присутни претстави од 9 држави, а селектор на фестивалот е Благој Мицевски.

„Визијата што во годините наназад, но и во моменто, ја создаваме во театарските претстави, понекогаш е толку силна што нема потреба од зборови да се опишее бранот емоции што ја преплавува публиката – вели тој во своето обраќање на публиката во каталогот на претстави кои годинава се натпреваруваат за престижните награди – најдобар, актер, најдобар режисер и Гранд При за најдобра претстава.

Фестивалот се отвори со танцовиот перформанс „Д -како Дездемона“на Рисима Рисимкин, претстава инспирирана од трагедијата на Вилијам Шекспир
„Отело“. Фестивалот завршува на 23 мај.