На прес конфренција претседателот на СОНК, Јаким Неделков сооопшти дека Советот на СОНК денеска донел одлука за неприфаќање на предлогот на владата, а со тоа продолжување на штрајкот од утре во училиштата и градинките.
Неделков рече дека зад оваа одлука стојат над 95 проценти од синдикалните организации кои не се согласија со усниот прелог на владата за зголемување на платите од 10 проценти.
Досегашните преговори со владата ги оценуваат како несериозен пристап на Владата кон преговорите и дека тоа не води кон решавање на проблемите.
„ 10 процентното зголемување кое го понуди владата не кореспондира со висината на зголемувањето на минималната плата и враќање на достоинството на професијата“ рече Неделков.
Тој кажа дека немале никакви сигнали од владата за барањето на синдикатот за нов колективен договор и усогласување на платите со него, рече Неделков.
Барањето на СОНК беше зголемување на платите за 18,4 проценти.
На прес конференцијата рече дека жалат заради непријатностите на родителите кои им се случуваат заради штрајкот и им се извини.












