ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ОРГАНИЗИРА СВЕЧЕН ПРЕЧЕК НА РАКОМЕТАРИТЕ УТРЕ ПРЕД ОФИЦЕРСКИ

Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ со освојувањето на шампионската титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски град. Третата титула по ред пристигнува вечерва, по големата победа над ривалот Вардар на гостински терен.

Од Општина Битола соопштија дека градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи „Чкембари“, на голема прослава. Настанот ќе се одржи утревечер, на 8 јуни 2025 година, од 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.

Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.

Општина Битола упатува искрени честитки до РК Еурофарм Пелистер и изразува длабока благодарност до нашата ракометна гордост, стои во соопштението на општината.