Според последните информации, на изборите во Унгарија се преброени голем број гласови, а актуелниот премиер Виктор Орбан доби 54,36 отсто од гласовите, опозициската Обединети 33,36 отсто и Наша Татковина 6,44 отсто.
Фидес освои 135 места во парламентот, а опозициската коалиција 56 места, што значи дека партијатана Орбан ќе има двотретинско мнозинство во парламентот.
„Никогаш не сме се претставиле толку добро како вечерва“, рече Виктор Орбан во своето обраќање пред гласачите, додавајќи: „Почитувани пријатели, извојувавме голема победа, стопроцентно да се гледа од Месечината и од Брисел“, рече тој и се заблагодари за поддршката и помошта.
Во својот победнички говор, Орбан ги критикуваше украинскиот преседател Володимир Зеленски и бирократите од Брисел, нарекувајќи ги „противници“.













