Македонската репрезентацијата попладнево се враќа во Македонија. Планирано е пристигнување на авионот на скопскиот аеродром околу 17:30 часот.
Фудбалската федерација на Македонија закажа дочек на репрезентативците на плоштадот во главниот град. Откако ќе пристигнат, фудбалерите ќе се упатат кон центарот на Скопје.
Од ФФМ информираат дека се очекува пристигнување на плоштадот околу 18:30 часот.


















