ТЕРА

REKLAMA???

Ортопедска дијагностика, процедури и интервенции во Жан Митрев Дијагностик Битола

Жан Митрев Дијагностик Битола е најсовремениот дијагностички центар во регионот кој располага со најнова технологија во голем број на области. Таму се извршуваат сите видови на специјалистички и субспецијалистички прегледи. Нас не интересираше ортопедијата. Се сретнавме со др. Сузана Јанчевска, специјалист ортопед, која што во дијагностичкиот центар работи веќе 8 години . Ни објасни дека во Жан Митрев Дијагностик Битола вршат ортопедска дијагностика, сите процедури од областа на ортопедијата и мали хируршки интервенции.

„Од ортопетска гледна страна овде се работат ортопедски прегледи, ортопетски прегледи на дечиња заедно со ехо на колкови, се работат сите мали хируршки интервенции, односно се она што може да се сработи со локална анестезија. Исто така се прават и преврски на рани. Истовремено се третираат одредени заболувања од типот на артрози или дегенеративни заболувања на зглобови, најчесто станува збор за заболувања на колено, се вршат апликации на различни видови на лекарства како во зглоб, така и во некои меки ткива. Работиме и со популарната ПИ-ЕР-ПИ терапија или плазма терапија, тоа е нешто многу биолошко, многу природно за обновување и продолжување на векот на рскавицата. Најчесто се користи кај помлади пациенти и кај спортисти. Освен со мали хируршки интервенции правиме услуги и од типот на ехо прегледи на мускулоскелетен систем. Во моментот имаме и ренген апарат, комјутерска томографија, комплетна биохемиска лабораторија, така што прегледот може да биде комплетен“, рече др. Сузана Јанчевска, специјалист ортопед во Жан Митрев Дијагностик Битола.

Проблемите со ‘рбетниот столб се сe почести кај современиот човек. Др.Јанчевска вели дека скоро 95% од возрасната популација има некаков деформитет на рбетен столб.

„Најчесто почнува во детска возраст и тоа некако е флексибилно, коректибилно ако навреме сe постави дијагноза и ако навреме се спроведи терапија. Како што расти детето тој деформитет станува траен, последиците ги осеќа на возраст после 30-тата година со болки во зглобови, болки во рбет итн. Многу е добро кога се спроведуваат систематските прегледи да ни ги упатат сите дечиња коишто се сомнителни со деформитет некаков на рбетен столб или за деформитет на стапалца конкретно, а од друга страна мислам и самите родители и наставниците треба да знаат за типот на ранците коишто треба да ги носат, како да се носат тие ранци, дали со тие ранци е дозволено трчање или не. Современиот начин на живот за жал ја намалува активноста на децата. Поголем дел од активностите на децата се во седечка положба, пред комјутер, подолго време се поминува во некоја неприродна положба и сето тоа доведува до зголемен број на деформитети на рбетен столб каја децата“, вели др. Јанчевска.

Др.Јанчевска вели дека секое новороденче треба да биде прегледано од ортопед при самото раѓање.

„Првата контрола треба да биде на месец дена, па на три месеци и на 6 месеци. Потоа следува контрола после проодување од 12 до 18 месечна возраст, на три годишна возраст, пред да почне детето на училиште и тој ортопетски преглед треба да биде комплетен, односно да се направи преглед на рбетен столб, преглед на движења на зглобови и преглед на стапалата за благовремено да се реагира“, вели таа.

Специјалистите од Жан Митрев Дијагностик Битола гарантираат за нивото на услугите кои ги нудат, се со цел како што велат да им помогнат на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно.