ТЕРА

REKLAMA???

ОСУМ ЛУЃЕ СЕ „ТОКМАТ“ ЗА ОВАА ЗГРАДА

До саботата на полноќ до ОИК во Битола пристигнаа 8 кандидатури за градоначалник на Битола, од кои пет се од политички партии и 3 од група избирач.

Ова е листата што ја објави Државната изборна комисија врз основа на информациите, односно поднесените кандидатури до Општинската изборна комисија.

Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдоцна на 20 септември 2025 година.