ТЕРА

REKLAMA???

ОХРИД НЕМОЌЕН ВО „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“, ПРВА ПОБЕДА НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26-22 (13-9)

Еурофарм Пелистер 2, во рамките на петтото коло коло од плеј-офот, ги освои трите бода, победувајли ја во Битола екипата на Охрид со резултат 26-22 (13-9). На стартот на првото полувреме домаќинот наметна добро организирана одбрана, надополнета со одбраните на Трајковски, играта на Ѓорговски и Димитровски во нападо. Следеше постојано водство, па на одмор се отиде со +4 (13:9).

Битолчани подобро отворија и во вториот дел и одржуваа 4-5 гола предност, Сепак, во 40. минута Андоноски погоди двапати од крилна позиција и Охрид намали на 17-14, користејќи ја играта со човек повеќе. Ѓорговски возврати, битолската одбрана беше подобра од охридската и во 49. минута Еурофарм Пелистер поведе со највисоки 22-16. Јовиќ ги внесе најмладите, победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање и битолчани се радуваа на победа од 26-22.

Емилијан Ѓорговски со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, по четири постигнаа Петар Атанасијевиќ, Димитриоски и Петровиќ, додека први стрелци на Охрид беа Шилегов и Кривокапиќ со по четири погодоци.