ТЕРА

REKLAMA???

ПАРТИЈАТА „ПОДЕМ“ ОРГАНИЗИРАШЕ ТРИБИНА ЗА ЕКОНОМСКИ СИЛНИ ОПШТИНИ

Во Битола се одржа јавна трибина на тема: „Со јавен и отчетен буџет до економски силни општини”, во организација на ПОДЕМ Општинска организација Битола.

Заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николче Јанкуловски, ја нагласи континуираната поддршка што Владата ја обезбедува за општините, истакнувајќи ја посветеноста на премиерот Христијан Мицкоски за нивна финансиска стабилност и развој.

Тој потсети дека преку двата јавни повици, кои беа спроведени минатата и оваа година, значителен број општини добија финансиска поддршка за капитални проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните. Јанкуловски подвлече дека Програмата 2024–2028 дополнително гарантира стабилни дотации и поддршка за општините, со што се обезбедува еднаква можност за развој и подобри услуги на локално ниво.

Кандидатот за градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски, нагласи дека иднината на општината се темели на јасна стратегија за економски раст и локален развој. Тој истакна дека отчетноста на локалната власт не смее да се гледа само како законска обврска, туку како начин на работа што секојдневно ја гради довербата меѓу институциите и граѓаните.

 

„Битола е пример за современа и развиена општина, која знае да ги слушне потребите на своите граѓани и да им одговори со реални решенија”, потенцира Коњановски, додавајќи дека токму таа близина со луѓето е клучот за одржлив развој и подобар квалитет на живот за сите.

Во своето обраќање, кандидатот за советник Златко Лозановски посочи дека јавните дејности и транспарентноста се неопходни за ефикасно управување со општината. Тој истакна дека општината ќе продолжи да биде отворена за граѓаните, со јавни расправи, достапни информации и отчетност за секоја донесена одлука. „Само така ќе се изгради доверба и ќе се обезбеди вистински развој”, нагласи Лозановски.

Кандидатот за советник Александар Цветаноски стави акцент на младите и спортот, нагласувајќи дека тие се иднината на Битола. Тој подвлече дека потребни се нови вложувања во спортската инфраструктура и програми за младите, кои ќе им овозможат квалитетен живот, здраво општество и еднакви можности за развој. Цветаноски додаде дека преку поддршка на младите таленти, Битола може да изгради нови генерации кои ќе ја носат општината напред.

Трибината претставува дел од серијата јавни дебати на ПОДЕМ посветени на отчетноста, транспарентноста и градењето економски стабилни и просперитетни општини, со цел поголема вклученост на граѓаните и јакнење на локалната самоуправа, соопштија од партијата.