По вчерашните обилни врнежи од снег кои го зафатија и битолскиот регион, утрово жители од потпелистерките села на патот кон Националниот парк „Пелистер“ реагираат на како што велат неисчитениот пат.
Снежната покривка во Битола е 14 см.
Од вчера попладне и села од потпелистерието како и од други делови на битолско се соочија и со проблем со снабдувањето со електрична енергија.
Утрово во Битола беа измерени -1 степени. Студеното време сега прави проблеми на улиците и патиштата каде имаше останоци од снег, односно подмрзнуваат.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека од „Македонија пат“ известуваат дека заради проблеми со ископана канализација кај с.Трново отежнато е чистењето на патниот правец од с.Трново до хотелот Молика. Во текот на денешниот ден ќе се продолжи со чистење со помали возила.



















